Your cart is currently empty!
Единството на Сепостоењето кое говори
Речта на Универзалниот Дух-Создател

ISBN: 978-9989-688-62-1
Продукт бр.: S173mk-1
400 стр.
тврд повез
Информации за продуктот
Единството на Сепостоењето кое говори
Речта на Универзалниот Дух-Создател
Космички учебник и прирачник од школата на Божествената Мудрост
Космичката Сѐ-комуникација е жива во целата природа; ова го гледаме, на пример, кај јато птици кои можат да летаат во огромни формации без да си пречат една на друга. Како е тоа можно? Габриеле објаснува како природните царства, минералите, растенијата и животните, како и чистите божествени битија се поврзани едни со други и со Создателот Бог, Сѐ-Едниот, преку Сѐ-комуникација. Тaа ни дава поглед низ духовната пукнатина на вратата во седумдимензионалното Божјо царство и ни го покажува патот како и ние луѓето можеме да се вратиме назад во Сѐ-единството на животот. Со конкретни вежби.
Самите ние во основата на својата душа треба да ја насетиме вечноста која е без простор и време. И да осознаеме што навистина пулсира во длабочината на нашата душа. Во еден извадок од книгата се вели: „Во книгава ќе бидеме водени до едно подлабоко разбирање за сеопфатното Сѐ-Единство кое говори. Колку повеќе ги следиме насоките и ги остваруваме вежбите дадени во самите текстови на овој учебник, толку подлабоко се отвара во нас свеста за космичката комуникација на Единството на целото постоење. Исто така, учиме да чувствуваме и во минералите, растенијата, а особено во животните. Животните со својата разновидност, со своето неоптоварено битие ја оживуваат Земјата, и како и сите животни форми си посакуваат раст и просперитет, интактност, исто така и среќа и мир, но страдаат неописливо поради деспотизмот на човекот…
Да им погледнеме в очи на животните – нивниот поглед е повик кон нас. Тие посакуваат да препознаеме во нив помали животински сестри или браќа, кои сакаат да ни бидат пријатели. Во поврзаноста на космичкото постоење, тие сакаат како помали сестри/браќа да гледаат на нас како кон нивните поголеми браќа/сестри. Тие пак сите, се деца на Сѐ-Едниот кој говори, созданија на Сепостоењето, битија од Бог.
Со книгата се добива ЦД со две медитации: „Цути“ – медитативна виртуелна прошетка и „Нашето вистинско битие“ – медитативно космичко гледање.
Со вашата нарачка БЕСПЛАТНО ќе добиете брошура: Речта на ѕвездите до човекот, микрокосмос во макрокосмосот.
Од предговорот:
…Во разговори со Габриеле, Божјата пророчица и гласничка на денешното време, таа ни дава разјаснување за градбата и за дејствувањето на сеопфатното моќно збиднување на создавањето, за светлосниот етер, па сѐ до градбата на Јадрото на битието на сите битија на Создавањето и на совршената Божја форма на постоење…
Речта на вистината нѐ води во димензиите на сеопштата комуникација на целото Постоење, така што ни станува можно самите да насетиме во каков моќен, од Духот проникнат космички живот на Сепостоењето сме сместени, од чија лулка произлезе сиот живот и во кого е и најмалечкиот градбен дел на сеопфатното Создавање.
Постепено ни се отвара еден темелно друг пристап кон животот во целото Постоење. Стануваме свесни од каде доаѓаме ние и сите битија на Создавањето и најпосле, каде одиме. Тоа е едно сеопфатно гледање, чија содржина му се открива на оној кој му се отвара на сеприсутниот Дух на животот…
Меѓутоа, кој внимателно го следи текстот тој добива стравопочит за непрекинато струечкиот Божји закон, кој го содржи Сеединството на целото Постоење. Тоа е убавината и совршеноста на Божјата сеопфатна интелигенција, која за нас станува препознатлива и во материјалното постоење, во свеста за Сеединството на Универзалниот Дух-Создател, кој говори. Кој оди по патеката на учење, тој бидува богато награден преку продлабочувањето на неговото осеќавање на Создавањето, преку растечкото забележување на животот во целото Постоење. Тој ќе се пронајде и самиот себе и сѐ повеќе ќе живее во свеста дека и неговиот живот е дел на единството на Сепостоењето, на Речта на Универзалниот Дух-Создател. Преку тоа полека за него станува само по себе разбирливо повеќе да не им се наштетува на други суштества, тие да не се искористуваат, ништо од нив да не се изнудува, ниту да се подјармуваат. Златното животно правило на Исус од Назарет: „Што не сакаш да ти се прави тебе, тоа не му го прави ни ти на друг“, тој го исполнува во живот што ги вклучува сите форми на Постоењето.
Да се доживее единството на Создавањето и да се сфати дека сѐ, од најмалечкото па до најголемото произлегува од еден космички ред, кој свое потекло има во Божјата Сѐ-интелигенција, тоа е најголемиот еволуциски чекор за којшто човекот е способен…“
Дел од содржината:
– Царството Божјо и животот на божествените битија во вечното Постоење
– Дејствувањето на четирите Прасили во згуснатото постоење
– Човек, Јадро на битието и духовно битие
– Здивот Божји – закон на Сепостоењето, светлосен етер
– Падот на духовните битија сѐ до грубоматеријалноста на човекот
– и уште многу, многу повеќе.
Вие исто така би сакале…
-
Порака од Сепостоењето – Прва книга
Одговори на основни прашања, за слободата на секое…370,00 ден
plus shipping -
Космичкиот часовник и мрежата на твојата кожа
Книгата ни овозможува во подробност да ги препознаеме…370,00 ден
plus shipping -
Речта на ѕвездите до човекот – микрокосмосот, и до неговата душа
Како човекот со она што го потхранува во своите…120,00 ден
plus shipping
Критики
Нема критики сеуште.