Духовни книги за учење и стекнување етичко-морални вредности

Габриеле Издателство Реч

Габриеле Издателство Реч ја објавува пророчката реч на денешницата објавена преку Габриеле од Вирцбург, пророчицата и пратеничка Божја за нашево време, во облик на книги, брошури, DVD-а и CD-а и е-книги. Веќе 40 години Речта на Слободниот Универзален Дух им е понудена на луѓето од сите култури, со полнотата на божествените објави, школувања и објаснувања, како водич за одговорно живеење.

Пророчката реч на денешницата гради на прахристијанството, на учењето на Исус од Назарет и Неговата Беседа на Гората како и на Десетте Божји заповеди дадени преку Мојсеј. Учењата и Речта на Универзалниот Дух се слободни од традиции и од сите надворешни религии. Слободниот Дух, Космичкиот Еден, Животот, не е реч на црквата. Во таа смисла некои од книгите на Габриеле Издателство Реч служат да ја разоткријат злоупотребата на името на Исус од Назарет.

Универзалните космички учења на Слободниот Дух

Универзалните космички учења на Слободниот Дух укажуваат на поврзаноста на сите животни облици и животни сили, го објаснуваат значењето на смислата на животот на Земјата и го покажуваат патот во единството и љубовта кон ближниот меѓу луѓето, но и со царствата на природата и животинскиот свет. Основниот принцип на живеење кој води кон мирољубив живот, кој исто така ја вклучува природата со сите битија е: Не им го прави на другите она што не сакаш да ти го прават тебе – или – Прави им го на другите она што сакаш тебе да ти прават.

Ширење

Наша грижа, на нас прахристијаните е да го шириме учењето на Исус од Назарет – љубовта кон Бог и ближниот, кон човекот, природата и животните, како што е повторено во нашето време од страна на носителката на Слободниот Дух, Габриеле. Со помош и водство од Слободниот Дух, секое човечко битие – ако има волја – може да го најде својот пат до Бог во себе, во мир со своите сродни луѓе и царствата на природата.

Прахристијаните во духот на Исус од Назарет кажуваат: Позитивниот, исполнет живот му е потребен на денешниот човек.

Изданијата на Габриеле Издателство Реч во Македонија ги издава и дистрибуира:

Габриеле Издателство Реч, Д.О.О.

Tел. +389 71 217 477   

E-мaил: info@izdatelstvo-gabriele.com или gabriele.izdatelstvo.rec@gmail.com

Невистини на Интернет

Исус од Назарет не воспоставил никаква надворешна религија, како што прикажуваат институциите. Тој со полномоштво го застапуваше живиот, Слободен Дух, чиј универзален, вечен закон е љубов и слобода. Тој поучуваше за љубов кон Бог и ближниот, кон човек, природа и животни. Голем дел од она што го поучуваше и живееше, потоа беше претворено во противречност од официјалните цркви. Бидејќи ние следбениците на Исус од Назарет ја објавуваме и објаснуваме злоупотребата на името на Исус, Христос, на Неговото мирољубиво учење, сме клеветени како секта, пред сѐ од црковните институции.

Многу од коментарите што може лесно да ги најдете на Интернет за духовниот тек на прахристијанскиот живот, не одговараат на фактите. Децениските невистини што тие ги шират за Делото на Христос Божји, за Универзален живот и за нас, прахристијаните – кои ние секогаш одново го негираме – се стара традиција на црковните институции и нивните приврзаници. Секој што ќе дозволи да се зарази со ова преку Интернет и верува во тоа и ја шири оваа дезинформација, сè до нанесување навреди, е слободен да го прави тоа. Оваа грешка ја објаснуваме многу години. Сега е доста.

Дали некогаш сте се запознале со зборот антихрист? – Ова е оној кој само се нарекува христијанин и учењето на Исус од Назарет за постепено исполнување на Десетте заповеди и Беседата на Гората ги свртува наопаку. Конечно, се вели: На крајот се гледаат плодовите – помалку добрите, добрите или лошите плодови. Ние прахристијаните градиме на способноста непристрасно да им просудуваме на сите оние кои сеуште можат самостојно да размислуваат, испробуваат и одмеруваат. За жал, интернетот се дегенерираше до таква мерка, така што во многу случаи можеме да зборуваме за бојно поле. Се разви вистинска борба за и против. Ние нема да влегуваме на таква територија каде се развиваат клевети, омраза и медиумски линч, преку говори и контра-говори, но секој може да постапи како што сака.

„Прогонот на оние што мислат поинаку секаде е монопол на свештенството “.

Хајнрих Хајне (поет, 1797 – 1856)

 

Многу независни радио и ТВ радиодифузни станици емитуваат емисии за Пророчката Реч преку Габриеле и емисии за прахристијанството. Информирајте се кај Радио Сантек на кои фреквенции можете да ги добиете овие продукции во вашата земја и на вашиот јазик.

info@radio-santec.com

Имате прашања? Може да ни пишете на: gabriele.izdatelstvo.rec@gmail.com

Библиотека Софија

Драги читатели,

Можеби ќе бидете воодушевени од тоа што го прочитавте. Само ви препорачуваме да изградите своја сопствена слика за учењето на Слободниот Дух. Затоа срдечно ве покануваме да ја посетите Библиотеката Софија, Алтфелд, Германија каде ќе го најдете целото дело на Габриеле на многу јазици.

Белешка: Можете да дојдете потполно слободни. Да останете слободни. Да си одите слободни, зашто сте ја посетиле Библиотеката на Слободниот Дух.

Посетете ја веб-страницата на Библиотеката  Софија со сите информации за местото, настаните и опциите за сместување на http://www.sophia-bibliothek.de/sl/