Your cart is currently empty!
Велигденски попуст до 31 мај

ISBN: 9989-688-11-7
Продукт бр.: SET-102mk
305
Информации за продуктот
Големите космички учења на Исус од Назарет (со нов омот)
Кој беше Исус од Назарет
Дали сакате да знаете нешто повеќе за детството и младешките години на Исус од Назарет?
Дали би сакале да знаете што навистина поучувал (Isus Hristos) пред 2000 години? Кои вистини ги споделувал во внатрешниот круг на Неговите Апостоли и ученици? За вистинското потекло на секоја душа, за законитостите на Слободниот Дух, Бог, за повторното раѓање и за Новата Доба на Христос Божји итн.?
Преку божјата пророчица Габриеле, денес на сите луѓе им е достапно изворното учење на Исус од Назарет. Оваа книга ни овозможува да пристапиме до поврзаностите во севкупниот живот. Тогаш искусуваме што значи „Бог во нас – и ние во Бог.“
Еден извадок:
Погледни ја тревката – и ќе ме најдеш мене.
Подигни го каменот – и ќе ме најдеш мене.
Погледни во ѕвездите – и ќе ме восприемиш мене.
Погледни длабоко во луѓето – и ќе се најдеш себеси,
а со тоа и мене, Христос, Себството во тебе.
Големите космички учења на Исус од Назарет (Isus Hristos) нѐ ословуваат нас како синови и ќерки Божји. Тие се обраќаат на највисокото во нас, чистото и совршеното. За ние полесно да го препознаеме и да научиме да го надминеме премногу човечкото, неубавото и егоистичното. Сето тоа, со многу конкретни вежби.
Кога седите, седите исправени. Вашиот ‘рбет да не е подгрбавен, туку вертикален. Треба да седите исправено, за да може да примите од струјата на Постоењето.
Тој, големиот Дух, Христос, преку Своите највозвишени објави преку Габриеле нè води кон нашето духовно-божествено наследство, во вечниот закон на љубовта.
Светата Реч, Апсолутниот закон, токму во ова време на пресврт и на пробив на духовноста најде место меѓу оние кои во Духот Христов сакаат да се променат себеси.
Критики
Нема критики сеуште.