Духовни книги за учење и стекнување етичко-морални вредности

Библиотека Софија

Посетете ја Библиотеката Софија,
центарот на Слободниот дух

Во Библиотеката Софија, центарот на Слободниот дух, ќе добиете сеопфатен увид во животното дело на Габриеле, пророчицата и Божја пратеничка. Тоа е неискривен Божји збор во нашето време. Тука доаѓаат луѓе од целиот свет кои сакаат да дознаат повеќе за божествено-пророчката Реч на Божјиот Дух и за помоштите, поттиците и школувањата, онака како што се дадени од Габриеле за нашето време.

Во Библиотеката Софија ќе најдете информативни острови за сите области на животот, каде секој посетител на својот јазик може да дознае за темите кои особено му лежат на срце. Во уникатниот амбиент на Библиотеката Софија, можете да откриете многу книги и записи во кои Габриеле дава животна поддршка за да го совладате секојдневниот живот, според законите на внатрешниот живот.

Во Библиотеката Софија има и книжарница во која се продаваат книги, ЦД-а и ДВД-а.

Забелешка: Вие доаѓате целосно слободни. Останувате слободни. Си одите слободни, затоа што ја посетивте библиотеката на Слободниот дух.

Библиотеката Софија и Шаторот Божји се отворени.

Работно време:

Понеделник – четврток: 14 – 18 часот
Петок – Сабота: 10 – 18 часот
Недела: 8:45 – 10:30 и 14 – 17 часот
Неработни денови: 14 – 17 часот

Кафулето на библиотеката е отворено во сабота и во недела од 14 до 18 часот.

Само за во Германија: Доколку имате прашања или сакате да нарачате книги на германски, македонски или друг јазик, јавете се на 09391 504135.

Sophia Bibliothek – Das Zentrum des Freien Geistes
Max-Braun-Straße 2, 97828 Marktheidenfeld-Altfeld
Tel. +49 (0) 9391/504 131
(Директно на излезот од автопатот А3 за Марктхајденфелд)

Настани во Библиотеката Софија

Срдечно сте поканети на разновидните настани што се случуваат во Библиотеката Софија и другите простории за настани. Овде можете да слушнете снимки од објавите на Христовиот Божји Дух преку пророчката реч денес. Можете да учествувате во настани за активирање на моќта за самоисцелување, како и во дискусии на многу теми. Покрај тоа, се нудат прошетки во шумата „Nature Symphony“. Повеќе информации: http://www.sophia-bibliothek.de/veranstaltungen/

Превод

За повеќето настани, понудени во рамките на Меѓународниот прахристијански центар, достапен е превод на англиски, француски, италијански, шпански, хрватски, полски и унгарски. Доколку би сакале превод, ве молиме контактирајте ја Библиотеката Софија или јавете се на +49 09391 504 131.

Ноќевање со појадок во прекрасни комфорни соби, апартмани или ексклузивни апартмани

Дали би сакале да избегате од метежот и вревата на секојдневниот живот, да одвоите време и опуштено да се запознаете со сеопфатната понуда во Библиотеката Софија, да ги наполните батериите во прекрасниот Шпесарт и да поминете неколку дена во природа?

Тогаш дојдете и уживајте во атмосферата во пријатните Sophia Spessart куќи, на само 2 километри од Библиотеката Софија.

Информации и резервација
на тел. 09391/504 134 или www.sophia-spessarthaeuser.de