Духовни книги за учење и стекнување етичко-морални вредности

Молитва

Дали ја знаете желбата да го оставите бучниот свет и да се свртите навнатре? Нашата душа не сака ништо повеќе од ова: човекот да ги насочи своите сетила кон внатре и да води дијалог со Бога во себе - тоа е „молење“.

Книги за молитвата

Многу луѓе се прашуваат: Како всушност да се молам? Дали треба да запомнам одредени молитви? Книгите за молитва од Габриеле Издателство Реч не само што учат како можеме слободно да зборуваме со Бог, нашиот Татко во нас, туку и како можеме да ги претвориме нашите животи во молитва - исполнувајќи го во својот сопствен живот она за што се молиме.

    Прикажан е еден резултат

    Слободно молење – разговор со Бога

    Многу луѓе сè уште веруваат дека треба да кажат одредени молитвени формули за да се свртат кон Бога и на тој начин да го „смилостиват“. Ова е заблуда, бидејќи Бог, Вечниот, е Слободниот Дух - а ние, Неговите деца, во својата внатрешност сме слободни битија од Бог.

    Срдечната молитва, изговорена со искрено срце, е свртување кон Сѐ-едниот Бог во нас. Преку Божјите пророци од Авраам до Габриеле, Бог нè учи дека вистинската молитва значи и живеење според Неговите заповеди, според законот на љубовта кон Бога и ближниот.

    Може ли да се научи да се моли?

    Во книгите објавени од Габриеле Издателство Реч можете да дознаете повеќе за тоа што значи да се моли од срце. Прочитајте на пример:

    • Како да научам почесто во денот да се обраќам кон Бог во внатрешното?
    • Како можам да си уредам катче за молитва?
    • Како да знам дали Бог ги слуша моите молитви?
    • Што е молитва на душата?
    • Дали треба да се моли за мртвите?
    • Дали има разлика, Му се молам на Бог или на Христос?
    • Какво влијание имаат моите молитви врз мојот живот?

    Да се искуси Бог во вистинска молитва

    Научете да се молите и искусете дека Бог живее во длабочините на вашето срце и секогаш е тука за вас.

    Писмо од читател: „Пораснав во црква, со крути црковни молитви, и најпрво морав да научам слободно да молам. Книгата „Внатрешна молитва“ за мене беше како откровение. Тоа целосно го промени мојот поглед за Бог. Денес молитвата не ја гледам како должност, туку како вежба за зајакнување. Молитвата е за насочување кон внатрешниот компас, Бог.“