Духовни книги за учење и стекнување етичко-морални вредности

Беседа на Гората

Живот според Законот Божји. Кон тоа се стремат прахристијаните во Универзален живот

150,00 ден

Достапно веднаш, време за испорака ca. 3-4 workdays **

Информации за продуктот

Беседата на гората на Исус од Назарет нема никаква врска со религијата!Тоа се извадоци од вечниот закон на љубовта кон Бог и ближниот – и дадени се за секој човек, без разлика на култура или националност. Откријте што Бог, Слободниот Дух, има да понуди за вашиот живот – и дознајте како овие едноставни упатства можат да ги променат нашите животи на подобро. Навлезете во објаснувањата што самиот Христос ги открил за учењето на Беседата на гората – дадено од Габриеле, пророчицата и пратеничка на Вечното Царство.

Книгата е извадок од книгата „Ова е Мојата Реч A и Ω – Евангелие Исусово. Христова објава, која ја познаваат вистинските христијани во целиот свет“.

Исечок од книгата:

Не судете за својот ближен

Не судете, за да не ви судат. Зашто, со каков суд вие ќе судите, со таков ќе ви судат; оти, со која мера вие мерите и вам ќе ви биде мерено. И како што вие им правите на другите, така и вам ќе ви прават. (Гл. 27, 1)

Христос ја објаснува, поправа и продлабочува речта:

Вие прочитавте: мислите, зборовите и постапките се магнети. Кој му суди на својот ближен и во мислите и со зборови го осудува, тој, значи, исто или слично ќе искуси на самиот себе.

Сфатете: вашите негативни мисли, зборови и постапки се вашите сопствени судии. „Оти, со која мера вие мерите било во мисли, или зборови и постапки – така исто и вам ќе ви биде мерено. Така, како што вие ќе го потценувате вашиот ближен, за самите да си ја подигнете вредноста, така и вие ќе бидете вреднувани: ќе ја искусите својата вредност и ќе ја пропатите. И ако велите: „На едниот мора да му биде доволно тоа што го има – а другиот треба да добие повеќе“, тогаш вие еднаш ќе поседувате само толку колку што поседува оној кому вие помалку сте му одредиле – или уште помалку од тоа: Онака како што вие го пресретнувате вашиот ближен во мислите, говорот и дејствувањето, така еднаш ќе ви биде и вам.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Беседа на Гората”

Вие исто така би сакале…

Беседа на Гората
150,00 ден