Духовни книги за учење и стекнување етичко-морални вредности

Беседата на гората – Пат кон повисока етика и морал – Внатрешен пат

Збирно издание

1.350,00 ден

Достапно веднаш, време за испорака ca. 3-4 workdays **

Информации за продуктот

„Божјата љубов е многу блиска до секој од нас. Тоа е неоптоварливата сила на нашата душа. На Внатрешниот пат смееме да ја активираме оваа моќ и на тој начин да се приближиме до нашата вечна татковина од која некогаш сме излегле“.  Габриеле, пророчица и гласничка Божја

Внатрешниот пат до космичката свест е патот до Бог во нас. Тоа е патот на слободата, љубовта кон Бог и ближниот. Ова е Христов-Божји пат за сите луѓе кои се стремат кон повисока култура и мирољубиво човештво. Внатрешниот пат е понуда од Царството Божјо.

Брат Емануел, херувимот на божествената Мудрост, преку учителката – Божја пророчица Габриеле го објави школувањето и вежбите на Внатрешниот пат, а Габриеле во еден циклус на школувања детално ги објасни овие задачи на Внатрешниот пат.

Оваа книга е збирно издание која ги содржи сите 7 книги од Внатрешниот пат: два медитациски курсеви, основните степени: Ред, Волја, Мудрост, Сериозност и Големите космички учења на Исус од Назарет.

Во нашиов свет етиката и моралот сè повеќе опаѓаат и некои си го поставуваат прашањето: Каде е Бог? Зошто Бог го допушта тоа? Постои ли Тој воопшто? Бог е тука! Само ние луѓето се отклонивме од Бог; станавме имитатори, така што го правиме она што го прават другите.

Но, Бог ни даде нам, на луѓето, непроценлива помош за повторно да Го пронајдеме Него: Патот на Беседата на гората, Внатрешниот пат. Ние можеме да го примениме во секојдневието, во секоја ситуација, во разговори, на работното место, во семејството, со пријателите и роднините. Тоа е Беседата на гората што се живее – патот до повисоката етика и морал, патот во еден исполнет живот. Што ќе се смени кај нас преку тоа? Нашиот карактер. Сликата на нашиот карактер станува пофина. Ние одиме низ животот посигурни за самите себе, но и со поголема добронамерност и добрина и можеме да бидеме збогатување за другите. Разбираме многу повеќе, бидејќи сме појасни во мислењето и однесувањето. Еден нов квалитет на животот!

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Беседата на гората – Пат кон повисока етика и морал – Внатрешен пат”

Вие исто така би сакале…

Беседата на гората – Пат кон повисока етика и морал – Внатрешен пат
1.350,00 ден