Духовни книги за учење и стекнување етичко-морални вредности

%

Единството на Сепостоењето кое говори

Речта на Универзалниот Дух-Создател

740,00 ден

Достапно веднаш, време за испорака ca. 2-3 workdays **

Информации за продуктот

Единството на Сепостоењето кое говори
Речта на Универзалниот Дух-Создател

Космичко поучување и учење од школата на божествена Мудрост

Космичката Сѐ-комуникација е жива во целата природа; ова го гледаме, на пример, кај јато птици кои можат да летаат во огромни формации без да си пречат една на друга. Како е тоа можно? Габриеле објаснува како природните царства, минералите, растенијата и животните, како и чистите божествени битија се поврзани едни со други и со Создателот Бог, Сѐ-Едниот, преку Сѐ-комуникацијата. Тaа ни дава поглед низ духовната пукнатина на вратата во седумдимензионалното Божјо царство и ни го покажува патот како и ние луѓето можеме да се вратиме назад во Сѐ-единството на животот. Со конкретни вежби.

Самите ние во основата на својата душа треба да ја насетиме вечноста која е без простор и време. И да осознаеме што навистина пулсира во длабочината на нашата душа. Во еден извадок од книгата, се вели: „Во книгава ќе бидеме водени до едно подлабоко разбирање за сеопфатното Сѐ-Единство кое говори. Колку повеќе ги следиме насоките и ги остваруваме вежбите дадени во самите текстови на овој учебник, толку подлабоко се отвара во нас свеста за космичката комуникација на Единството на целото постоење. Исто така, учиме да чувствуваме и во минералите, растенијата, а особено во животните. Животните со својата разновидност, со своето неоптоварено битие ја оживуваат Земјата, и како и сите животни форми си посакуваат раст и просперитет, интактност, исто така и среќа и мир, но страдаат неописливо поради деспотизмот на човекот…

Да им погледнеме в очи на животните – нивниот поглед е повик кон нас. Тие посакуваат да  препознаеме во нив помали животински сестри или браќа, кои сакаат да ни бидат пријатели.  Во поврзаноста на космичкото Постоење, тие сакаат како помали сестри/браќа да гледаат на нас како кон нивните поголеми браќа/сестри. Тие пак сите, се деца на Сѐ-Едниот кој говори, созданија на Сепостоењето, битија од Бог.

Со книгата се добива ЦД со две медитации:
  1. „Цути“ – медитативна виртуелна прошетка
  2. „Нашето вистинско битие“ – медитативно космичко гледање

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Единството на Сепостоењето кое говори”

Вие исто така би сакале…

Единството на Сепостоењето кое говори
740,00 ден