Духовни книги за учење и стекнување етичко-морални вредности

Големите космички учења на ИСУС од Назарет

до Неговите апостоли и ученици кои можеа да сфатат

450,00 ден

Достапно веднаш, време за испорака ca. 2-3 workdays **

Информации за продуктот

Дали би сакале да знаете, што навистина поучувал Исус од Назарет (Isus Hristos) пред 2000 години? Кои вистини ги споделувал во внатрешниот круг од Неговите Апостоли и ученици? За вистинското потекло на секоја душа, за законитостите на Слободниот Дух, Бог, За повторното раѓање и за Новата Доба на Христос Божји и т.н.?
Преку пророштвото во денешново време, преку божјата пророчица Габриеле, денес им е на сите луѓе достапно праучењето на Исус од Назарет. Оваа книга ни овозможува да пристапиме до поврзаностите во севкупниот живот. Тогаш  искусуваме што значи „Бог во нас – и ние во Бог.“

Еден извадок:
Погледни ја тревката – и ќе ме најдеш мене.
Подигни го каменоти ќе ме најдеш мене.
Погледни во ѕвездите – и ќе ме восприемиш мене.
Погледни длабоко во луѓето – и ќе се најдеш себеси,
а со тоа и мене, Христос, Себството во тебе.

Големите космички учења на Исус од Назарет (Isus Hristos) нѐ ословуваат нас како синови и ќерки Божји. Тие се обраќаат на највисокото во нас, Чистото и Совршеното. За да ние полесно го препознаеме и научиме да го надминеме премногу човечкото, неубавото и егоистичното.  Сето тоа, со многу конкретни вежби.

 Кога седите, седите исправени. Вашиот рбет не е подгрбавен, туку вертикален и покажува дека треба треба да седите исправено, за да може да примите од Струјата на Постоењето.

Тој, големиот Дух, Христос, преку Своите највозвишени објави преку Габриеле нè води кон нашето духовно-божествено наследство, во вечниот закон на љубовта.

Светата Реч, Апсолутниот закон, токму во ова време на пресврт и на пробив на духовноста најде место меѓу оние кои во Духот Христов сакаат да се променат себеси.

 

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Големите космички учења на ИСУС од Назарет”

Вие исто така би сакале…

Големите космички учења на ИСУС од Назарет
450,00 ден