Духовни книги за учење и стекнување етичко-морални вредности

Божјото пророштво денес

Многу луѓе се прашуваат дали и денес има Божјо пророштво, дали Бог, Вечниот, им зборува на луѓето како што се случувало тоа во претходните епохи. Одговорот е да!

Со Габриеле, Божјата пророчица на сегашното време, се затвора 4000-годишниот циклус, кој започна со Божјата реч преку Авраам и продолжи преку Божјите пророци Мојсеј, Исаија, Јов, преку Исус од Назарет како најголем Божји пророк и многу други Божји гласници - сè до наше време.

Книги за Божјото пророштво денес

Прикажувам 1–9 од 10 резултати

Низ милениумите, Бог, љубечкиот Татко, ги повикува преку Своите пророчици и пророци сите луѓе и души да го започнат патувањето дома во Вечниот дом на Таткото, да се вратат дома кај Него, во Вечното царство, од каде што потекнува секоја душа. Овој пат е патот на љубовта кон Бог и ближниот, патот на помирувањето, на мирот меѓу луѓето, но и со природата и животните.

Голем дар е што Габриеле, пророчицата и гласничка Божја, живее меѓу нас денес. Скоро пет децении преку неа се објавуваат Бог, нашиот Вечен Татко, Христос, Неговиот Син, кој живеел на оваа Земја како Исус од Назарет, и Кнезот на законот на божествената Мудрост и други духовни суштества од Вечното царство. Од нејзината развиена свест, Габриеле ни дава и бисери над бисерите, кои ни помагаат сè повеќе да го најдеме богосвесниот живот.

Во книгите на нашата издавачка куќа, овие бисери и откровенија од Вечното Божјо Царство за сите луѓе ширум светот можат да се прочитаат на преку 25 јазици.

Кој е тој што се објавува?

Јас Сум, кој Јас Сум – така зборува Вечниот Сè-Еден, кого ние луѓето го нарекуваме „Бог“ или „Алах“ или „Јахве“. Тој е творец и давател на целиот живот, духот на бесконечноста - Слободниот Дух кој не познава религии.

 Тој е Пра-Љубовта од која произлеговме. Ние луѓето сме духовни суштества во длабочината на нашето битие, затоа што Бог нè виде и нè создаде како суштества од Него: Дух од Неговиот Дух, слика и прилика на нашиот небесен Татко, чиј вечен дом е Царството Божјо.

Што зборува денес Бог, Вечниот, преку Неговата пророчица?

 Во овие книги го доживуваме од прва рака, од рогот на божествената Мудрост, она што може да ни се пренесе само од Вечното царство:

  • сè за изградбата на создавањето;
  • за настанувањето на суптилните, чисто духовни светови;
  • за Падот и настанувањето на материјалниот универзум, вклучувајќи го и човекот;
  • за демонскиот принцип „раздели, врзи и владеј“ за разлика од божественото „поврзи и биди“;
  • за вистинското учење на Исус од Назарет;
  • за Неговиот живот и дело во духот на мирот, љубовта кон Бога и ближниот;
  • за смислата на животот на Земјата;
  • за раѓањето, смртта и повторното враќање;
  • преку Внатрешниот пат, по кој еден ден ќе оди секоја душа и секој човек со душа, кон „Бог во нас“ –
  • но и за фалсификувањето на учењето на Исус, Христос, преку носителите на црковни мантии
  • и за иднината на човештвото во ерата на климатските промени, сѐ до водењето дома, и враќање на сите Божји деца во вечната татковина.

Фалсификување на учењето на Исус од Назарет

Бог е слобода - и Тој со Својата сила престојува во најдлабокиот дел на секоја душа и секое човечко суштество. За да му се приближи Нему, на Сè-Вечниот, на човекот не му требаат ниту свештеници, ниту ритуали.

Набргу откако Исус од Назарет бил сурово убиен на поттик на свештеничката каста од тоа време, тогашните свештеници го претвориле прахристијанското движење во свештеничка догматска црква, а која Исус никогаш не ја основал. И во многу аспекти тие го фалсификуваа Неговото учење во спротивното: Нивниот црковен бог е бог на казна наместо на љубов; на местото на Христовото учење за мир, тие го ставија оправдувањето на војната и насилството – како и врз животните и природата. Тие го потиснаа знаењето за реинкарнацијата и законот на сеидба и жетва - и до денес безобѕирно собираат богатство и моќ.

Преку Божјото пророштво за сегашното време, луѓето ширум светот дознаваат за позадината на лажното етикетирање со терминот „христијански“ и го запознаваат учењето на мир на Исус, Христос, учењето на љубовта кон Бог и ближниот, ослободени од догми, принудувања и култови. Тие го запознаваат блискиот Бог кој пресвтојува во секоја душа: „Бог во нас и ние во Бог“.