Духовни книги за учење и стекнување етичко-морални вредности

Порака од Сепостоењето – Втора книга

Божјото пророштво денес - не речта на библијата

370,00 ден

Достапно веднаш, време за испорака ca. 3-4 workdays **

Информации за продуктот

„Порака од Сепостоењето“ содржи одговори на основните прашања на човештвото кои не се објаснети во Библијата: за смислата и целта на земскиот живот, за слободата на секое битие, за законот на причина и последица, за бесмртноста на душата и нејзината реинкарнација во повеќе животи на земјата; за чинот на Искупението од Христос, за бескрајната Божја љубов кон секој човек и кон целото Создавање и многу повеќе.
Бог, Вечниот, моќно говори во ова време. Тој не ги говори зборовите на Библијата. Зошто одново Речта Божја? Дали Исус не ни ја даде вистината од Небесата? Прочитајте ја сами „Порака од Сепостоењето“, дадена преку Габриеле, Божјата пророчица и пратеничка на нашето време.
Читателот постојано ќе сведочи колку актуелно, а сепак безвременски Духот Божји ги осветлува светските настани и појави, како Тој зазема став за прашања како што се генетска манипулација или климатски промени – и како, речиси во истиот здив, сѐ раздвижува, утешува и исцелува и нè повикува нас луѓето да донесеме одлука.

„Порака од Сепостоењето“ содржи избор од Божјите објави. Тие се дадени за секој човек кој копнее за Бога, за вистината – независно од религија, раса или националност.

Од содржината (книга 2): ЈАС СУМ, а ти си во Мене, вечно – и се враќаш преку Христос – Вие му се подсмевате на едниот Бог – и верувате во вечна проколнатост. Јас Сум Бог на љубовта! Земјата Ме повикува Мене, Создателот, за смилување – ЈАС правам сè ново! Го говорите ли јазикот на љубовта? – Дали сте вистински христијани кои ме следат Мене? – Осетете МЕ присутен во вас…

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Порака од Сепостоењето – Втора книга”

Вие исто така би сакале…

Порака од Сепостоењето – Втора книга
370,00 ден