Духовни книги за учење и стекнување етичко-морални вредности

Внатрешен пат кон космичката свест

Збирно издание

1.350,00 ден

Внатрешен пат кон космичката свест
Достапно веднаш, време за испорака ca. 3-4 workdays **

Информации за продуктот

„Божјата љубов е многу блиску до секој од нас. Тоа е неоптоварливата сила на нашата душа. На Внатрешниот пат смееме да ја активираме оваа моќ и на тој начин да се приближиме до нашата вечна татковина од која некогаш сме излегле“.  Габриеле, пророчица и гласничка Божја

Внатрешниот пат до космичката свест е патот до Бог во нас. Тоа е патот на слободата, љубовта кон Бог и ближниот. Ова е Христов-Божји пат за сите луѓе кои се стремат кон повисока култура и мирољубиво човештво. Внатрешниот пат е понуда од Царството Божјо.

Брат Емануел, херувимот на божествената Мудрост, преку учителката – Божја пророчица Габриеле го објави школувањето и вежбите на Внатрешниот пат, а Габриеле во еден циклус на школувања детално ги објасни овие задачи на Внатрешниот пат.

Оваа книга е збирно издание која ги содржи сите 7 книги од Внатрешниот пат: два медитациски курсеви, основните степени: Ред, Волја, Мудрост, Сериозност и Големите космички учења на Исус од Назарет.

Во нашиов свет етиката и моралот сè повеќе опаѓаат и некои си го поставуваат прашањето: Каде е Бог? Зошто Бог го допушта тоа? Постои ли Тој воопшто? Бог е тука! Само ние луѓето се отклонивме од Бог; станавме имитатори, така што го правиме она што го прават другите.

Но, Бог нам ни даде непроценлива помош за повторно да Го пронајдеме Него: Патот на Беседата на гората, Внатрешниот пат. Тоа учење можеме да го примениме во секојдневието, во секоја ситуација, во разговорите, на работното место, во семејството, со пријателите и роднините. Тоа е Беседата на гората што се живее – патот до повисоката етика и морал, патот во еден исполнет живот. Што ќе се смени кај нас преку тоа? Нашиот карактер. Сликата на нашиот карактер станува пофина. Ние одиме низ животот посигурни за самите себе, но и со поголема добронамерност и добрина и можеме да бидеме збогатување за другите. Разбираме многу повеќе, бидејќи сме појасни во мислењето и однесувањето. Еден нов квалитет на животот!

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Внатрешен пат кон космичката свест”

Вие исто така би сакале…

Внатрешен пат кон космичката свест
1.350,00 ден