Духовни книги за учење и стекнување етичко-морални вредности

Големите космички учења на ИСУС од Назарет

до Неговите апостоли и ученици кои можеа да сфатат

450,00 ден

- +
Достапно веднаш, време за испорака ca. 2-3 workdays **

Информации за продуктот

Дали би сакале да знаете, што навистина поучувал Исус од Назарет (Isus Hristos) пред 2000 години? Кои вистини ги споделувал во внатрешниот круг на Неговите Апостоли и ученици? За вистинското потекло на секоја душа, за законитостите на Слободниот Дух, Бог, за повторното раѓање и за Новата Доба на Христос Божји итн.?
Преку пророштвото во денешново време, преку божјата пророчица Габриеле, денес на сите луѓе им е достапно праучењето на Исус од Назарет. Оваа книга ни овозможува да пристапиме до поврзаностите во севкупниот живот. Тогаш искусуваме што значи „Бог во нас – и ние во Бог.“

Еден извадок:
Погледни ја тревката – и ќе ме најдеш мене.
Подигни го каменоти ќе ме најдеш мене.
Погледни во ѕвездите – и ќе ме восприемиш мене.
Погледни длабоко во луѓето – и ќе се најдеш себеси,
а со тоа и мене, Христос, Себството во тебе.

Големите космички учења на Исус од Назарет (Isus Hristos) нѐ ословуваат нас како синови и ќерки Божји. Тие се обраќаат на највисокото во нас, чистото и совршеното. За ние полесно да го препознаеме и да научиме да го надминеме премногу човечкото, неубавото и егоистичното. Сето тоа, со многу конкретни вежби.

Кога седите, седите исправени. Вашиот рбет да не е подгрбавен, туку вертикален. Треба да седите исправено, за да може да примите од струјата на Постоењето.

Тој, големиот Дух, Христос, преку Своите највозвишени објави преку Габриеле нè води кон нашето духовно-божествено наследство, во вечниот закон на љубовта.

Светата Реч, Апсолутниот закон, токму во ова време на пресврт и на пробив на духовноста најде место меѓу оние кои во Духот Христов сакаат да се променат себеси.

 

Вие исто така би сакале…

Големите космички учења на ИСУС од Назарет
450,00 ден
- +